Зина Креља
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зина Креља (Битола, 17 јануари 1925 – Скопје, 21 ноември 2004 ) — македонска оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ.[1][2]
Животопис
Креља е родена во Битола на 17 јануари 1925 година. Потекнува од музикално семејство (мајка и била Нада Џамбазова – оперска певица)[3]. Пеење учела во Загреб, а вокалното образование го продолжила во Рим кај проф. Страчари. Во 1946 година дебитирала во Загреб со улогата на Виолета Валери во операта Травијата. Една сезона била ангажирана во Сараевската опера, а во Операта на МНТ, како еден од нејзините основачи била од 1947 до 1981 година. Во својата кариера остварила повеќе од 20 улоги. Настапувала и на концертниот подиум. Гостувала во музичките центри на поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Швајцарија. Поседувала сугестивност и сензибилитет во изразот и сценски шарм. Добитничка е на голем број на награди и признанија, меѓу кои и на најголемата државна награда „11 Октомври“[4]. Починала во Скопје на 21 ноември 2004 година[5].
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads