Златна бубамара на популарноста

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Златна бубамара на популарност, исто така познато и само како Златна бубамарамакедонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија. Организирано е од страна на Радио Буба Мара и се одржува секоја година во Арена Борис Трајковски - Скопје. Од основањето на шоуто во 1997 година, Златна бубамара доделува признанија и награди за најголемите достигнувања на годината во областа на македонската култура и се одликува со награди за повеќе категории, вклучувајќи музика, филмови, спорт, театар и ТВ-емисии. Златна бубамара се емитува на Канал 5 Телевизија и Радио Буба Мара.

Кратки факти Златна бубамара на популарноста, Мрежно место ...

23-то издание на шоуто, одржано на стадионот „Борис Трајковски“ во февруари 2020 година, било проследено од 55% од македонското население со кое Златна бубамара претставува едно од најгледаните шоуа во земјата.[1]

Remove ads

Историја и позадина

Првата церемонија и инаугурација на шоуто се одржала во 1997 година од страна на организаторот Ранко Петровиќ.[2]

Златна бубамара се одржува секоја година во Скопје. Презентерите на претставата обично користат сатира за да ја опишат социо-политичката состојба и другите секојдневни настани во земјата. Покрај тоа, настапи од музички уметници и танчери се исто така дел од програмата на шоуто.[3] Првиот водител на Златна бубамара бил познатиот глумец Тони Михајловски. Моментален водител на манифестацијата е Сашко Коцев, веќе долги години. На сцената на Златна бубамара секоја година настапуваат и: Игор Џамбазов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски и Ирена Спировска.

Remove ads

Награди

За време на претставата, се доделуваат награди за најпопуларните дела во повеќе категории поврзани со македонската популарна култура, вклучувајќи достигнувања во музика, филмови, спорт, ТВ-емисии и танц.[2] На последната церемонија, награди беа доделени во следниве категории:

  • Инклузивна танцова претстава
  • Најпопуларна детска ТВ емисија
  • Песна за век и векови
  • Пејачка на годината
  • Хит на годината
  • Спортски подвиг
  • Трајни музички вредности
  • Театарска претстава
  • Глумец на годината
  • Глумица на годината
  • Најпопуларна регионална пејачка
  • Животно дело во областа на музиката
  • Трајни музички вредности во етно музиката
  • Меѓународна награда за животно дело
  • Концерт
  • Животно дело во областа на филмот
  • Награда за прва труба
  • Најголем интернационален успех
  • Амбасадори на македонската култура
  • Спортски успех
  • Музички Продуцент
  • ТВ глумица
  • Најпопуларна ТВ Проект
  • Трајни музички вредности во рок-музика
  • Трајни музички вредности
  • Пејач на годината
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads