Злестински манастир
манастир во селото Злести From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Злести, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат покрај археолошкото наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, каде е откриена средновековна црква на темели од старохристијанска базилика, за која се верува дека била изградена во времето на светите Климент и Наум.[1]
Remove ads
Градби во манастирот
Во рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“, камбанаријата, конаците, како и значајното археолошко наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, по кого е именувана и новоизградената црква, со што со изградбата на манастирот се продолжила низата на постоење на христијански храмови на ридот над селото Злести.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Целосно била завршена во 2009 година, кога била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
„Св. Богородица Пречиста
Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) претставува старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.[3]
Средновековната црква во наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.[4]
Remove ads
Галерија
- Помошен објект крај црквата „Рождество на Пресвета Богородица“
- Новите конаци во манастирскиот двор
- Камбанаријата во манастирот
- Камбанаријата во манастирот, заедно со остатоци на средновековната црква
- Поглед на главната манастирска црква
- Дел од остатоците на наоѓалиштето Раштани
- Поглед на камбанаријата
- Поглед на манастирските конаци
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads