Злести

село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Злестиmap
Remove ads

Злести — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Помеѓу населението на селото постои предание дека селото порано се викало Лески, и дека се наоѓало во правец на селото Лешани, тоа место и денес се вика Лески. Од Лески името се преиначило во Злести.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Дел од сретселото

Злести се граничи со следните села: на север со Белчишта, општинско средиште на Општина Дебрца, на запад со селото Ботун, на југозапад со Мешеишта, на југоисток со Куратица, на исток со Лешани, Долно Средоречие и Грко Поле на североисток, а на југ со Сирула.

Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.

Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.

Remove ads

Историја

За постанокот на денешното село се искажува следното предание. Во многу стари времиња во близина на селото Злести постоеле други две помали населби, едната населба се викала Лески, а другата Раштани. Некој човек со своите пет сина после пустошот на старото село Раштани морал да се исели од таму, и дошол во селото Злести. Нив ги викале Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци, подоцна се разграниле на повеќе родови.[3]

Во XIX век, Злести се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Стопанство

Од северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Злести имало 530 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Злести имало 520 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Злести е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 294 жители, од кои 291 Македонец и 3 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 159 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Злести е македонско село

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Новоизградената манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“ и остатоците на средновековната црква „Св. Богородица“
Thumb
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“ со камбанаријата и селските гробишта околу нејзе
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири
Параклиси
  • Св. Никола — сместен под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Remove ads

Редовни настани

Личности

Remove ads

Иселеништво

Иселени злестинци и злестинки можат да се најдат во. Охрид, Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес, Австралија, итн.[3]

Култура и спорт

Од спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.

Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads