Злетовски манастир
манастир во близина на селото Злетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Злетовски манастир — манастир во Злетовско-пробиштипско, во источниот дел од Македонија. Се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во месноста Марена, на околу 5 км од селото Злетово, непосредно на левата страна од Злетовска Река. Претставува метох на Лесновскиот манастир.[1][2]
Remove ads
Историја
Манастирот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година, а на церемонијата на осветувањето присуствувале надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, претставници на Владата на Република Македонија и верници од повеќе градови во Македонија. Во своето обраќање, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан споменал дека на местото некогаш постоел манастир посветен на Пресвета Богородица и дека во него живееле и се молеле монаси. Планирано било монашкиот живот да се врати во новоизградениот манастир. Ктитор на манастирот е пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип, кому во знак на благодарност му бил доделен Орден на Брегалничката епархија со ликот на Свети Никола.[1][2]
Remove ads
Градби
Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква, конаците и мал помошен објект.
Црква „Свети Богородица Балаклија“
Црквата се наоѓа во средишниот дел од манастирот. Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Целата градба е покриена со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел.
Конаци
Во конаците било планирано да се обнови монашкиот живот кој се верува дека постоел во манастир кој некогаш се наоѓал на истото место.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од манастирот
- Манастирската црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads