Знаме на Абхазија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Абхазија е официјалното знаме во оваа непризната република кое е создадено во 1991 година.[1] Знамето било официјално усвоено на 23 јули 1992.[2]

Знамето е составено од седум еднакви хоризонтални ленти, четири во зелена и три во бела боја. Лентите се инспирирани од Планинска Република Северен Кавказ. Бројот седум е свет број за Апхазите, додека зелена и белата боја симболизира толеранција помеѓу Христијаните и Муслиманите. Во горниот лев агол има црвен квадрат и е инспириран од симболот на Апхаското кралство. Отворената бела рака значи „Здраво за пријателите! Стоп за непријателите“.[3] Седумте ѕвезди кои се над раката ги симболизираат седумте историски региони на Абхазија: Саѕен, Бзид, Гума, Абжива, Саурзакан, Далцабач и Пскуј-Аибга.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads