Абхазија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Абхазија
Remove ads

Абхазија, официјално: Република Абхазија - регион во состав на Грузија и де факто независна држава. Независноста на Абхазија е призната од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија. Абхазија е меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението на Абхазија има руско државјанство. Главен град на Абхазија е Сухуми.

Кратки факти Република Абхазија Адсны Аҳәынҭқарра (апхаски) Республика Абхазия (руски), Најголем град ...
Remove ads

Географија

Абхазија зазема вкупна површина од 8.664,59 км2.[1] Расположена е во северозападниот дел на Грузија.[2][3] Има излез на Црно Море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Абхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.

Релјефот на Абхазија е претежно ридско-планински. Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Абхазија била позната под името „грузинска ривиера“. Абхазија е призната како независна држава од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија. Сепак, грузиската влада и речиси сите земји-членки на Обединетите нации ја сметаат Абхазија за суверена територија на Грузија.[4][5][6][7] Немајќи ефективна контрола врз територијата на Абхазија, Грузија одржува абхазиска влада во егзил. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Абхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.

Реоните со надморска висина над 1000 м имаат планинска клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.

Remove ads

Економија

Платежни средста во областа се апсарот и рубљата. Во Абхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.

Демографија

Повеќе информации Верници во Абхазија ...

Населението на Абхазија се состои од околу 244.236 жител. Од нив 50,7% се Абхази и само 17,9% се Грузијци. 17,4% се Ерменци, додека 9,1% се определуваат како Руси. Останатите се Грци (0,6%) и други народи (4,4%)[8].

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads