Знаме на Боцвана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Боцвана е националното знаме на државата кое било усвоено на 30 септември 1966. Знамето има размер од 2:3.[1]
Дизајн
Основата на знамето е со сина боја. Низ средишниот дел на знамето има поставена хоризонтална црна лента, а над неа и под неа има по една мала бела лента. Размерот на лентите е 9:1:4:1:9.[1]

Симболизам
Сината боја ја симболизира водата, поточно дождот. Дождот е од големо значење за нацијата и на цвана се именува како „Pula“. Зборот „Pula“ е националното гесло на државата и значи „дожд“, но и „надеж“. Геслото е поставено и на националниот грб. Белите и црната лента ја симболизираат етничката хармонија во државата. Покрај тоа, црната и белата боја ја симболизира зебрата, која е прикажана на националниот грб.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads