Знаме на Вануату

From Wikipedia, the free encyclopedia

Знаме на Вануату
Remove ads

Знаме на Вануату — официјалното знаме на државата усвоено на 13 февруари 1980 година. Боите на знамето потекнуваат од боите на знамето на политичката партија која се изборила за независност на државата, додека дизајнот бил усвоен врз основа на предлог од локален уметник.

Кратки факти Употреба, Сразмер ...
Remove ads

Дизајн

Знамето на Вануату е составено од две хоризонтални ленти во црвена и зелена боја. Двете ленти се разгранчени од црвна лена низ која поминува потенка златна лента. Црната и златната лента составуваат црн триаголник со златни граници. На црниот триаголник има два прекрстени златни листа од папрат (намеле) и коска од вепер.

Симболика

Коската од веперот симболизира просперитет бидејќи свињите во очите на Вануаќаните се богатство и поради фактот што за да може коската од свињата (забот) да се извие спирално истата треба да се храни, што пак автоматски означува дека стопанот е со статус и богатство и има можност да ѝ даде на свињата сè што е потребно. Исто така, забот се носи како орнамент од островјаните. Папратот симболизира мир и 39 листиња на папратот ги претставуваат 39 членови на вануатското собрание.[1]

Жолтата боја на знамето симболизира сончева светлина (мир и просветителство донесено од Христијаните) и Христијанството. Зелената боја го симболизира богатството на островите. Црвената боја ја симболизира крвта на луѓето и свињите (при ритуални обреди, моќ на традицијата). Црната боја го симболизира меланезискиот народ. Премиерот (тогашен) побарал да се постават златни граници, заедно со црвните, за да се потенцира бојата која го симболизира народот. Златната и црната граница се во форма на буквата Y, што грубо одговара со местоположбата и географската распореденост на островите во океанот.[1]

Remove ads

Останати знамиња

Thumb
Детал од знамето на Вануату. Коската и папратот.
Thumb
Морепловно знаме
Thumb
Претседателско знаме на Вануату
повеќе...

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads