Знаме на Гренада

From Wikipedia, the free encyclopedia

Знаме на Гренада
Remove ads

Знамето на Гренада е официјалното знаме во оваа карипска држава кое било усвоено на 7 февруари 1974 година. Шесте златни ѕвезди на црвената подлога ги претставуваат шесте парохии на Гренада, додека големата златна ѕвезда на црвен диск во средината на знамето го претставува главниот град. Дискот се наоѓа во квадрат кој е поделен на четири еднакви дела во златна и зелена боја. На левиот зелен триаголник се наоѓа приказ на индиски орев, главна земјоделска суровина на островот.[1] Боите на знамето се пан-африкански, па така црвената означува храброст и виталност, жолтата претставува мудрост и зелената претставува вегетација и земјоделство.

Кратки факти Употреба, Сразмер ...
Thumb
Знаме на Гренада 1967-1974
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads