Гренада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гренада (англиски: Grenada) — островска држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Државата е составена од најголемиот остров Гренада и уште шест островчиња дел од островската група Гренадини, од кои остатокот припаѓаат на Свети Винсент и Гренадини. Источно од државата се наоѓа Карипското Море, додека западно од неа се наоѓа Атлантскиот Океан.
- Не ја поистоветувајте со градот Гранада. За други значења видете ја страницата за појаснување.
Гренада има вкупна површина од 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град на Гренада е Сент Џорџ и службени јазици се англиски јазик и патоа. Северно од Гренада се наоѓа државата Свети Винсент и Гренадини, додека пак јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго.
Remove ads
Потекло на поимот
За името на Гренада има пишани докази уште од првото доаѓање на Кристофер Колумбо на островот во 1498 година. Тој го именувал островот како „Консепсион“. Малку е познато како се променило името од Консепсион во Гренада, но се верува дека шпанските морепловци започнале да го именуваат островот според шпанскиот град Гранада.
Историја
Географија и клима

Државата е составена од неколку острови. Најголем остров е островот Гренада, додека останатите се помалу. Сите острови, освен Гренада се дел од островската група Гренадини. Остатокот од островите на Гренадини се дел од државата Свети Винсент и Гренадини, а во склоп на Гренада се: Каријаку, Ронде, Каил, Дајмонд, Голем Остров, Салин и Фригат. Најголем дел од населението на државата живее на островот Гренада. Најголеми градови каде има поголема концентрација на население на островот Гренада се Сент Џорџ, Гренвил и Гујав. Најголеми населени места на останатите острови се Хилсбороу и Каријаку.
Островите се со вулканско потекло и поради тоа почвата е доста богата. Највисок врв во државата е Маунт Сент Кетрин со 840 метри. Климата во државата е тропска. Вкупната површина на земјата изнесува 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град е Сент Џорџ.
Национални симболи

Политички систем
Гренада е уставна монахија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот во Гренада е претставен од генралниот генерал, кој моментално на оваа позиција е Карлил Глин. Извршната власт во државата е во рацете на владата, односно премиерот на Гренада. Иако е назначен од страна на гувернерот, премиерот најчесто е и водач на најголемата политичка партија во собранието на Гренада.
Собранието на Гренада е дводомно, односно се состои до сенат со капацитет од 13 членови и Претставнички дом со капацитет од 15 членови. Сеноторите се назначени од страна на владата и опозицијата, додека претставниците во Домот се избрани на избори за петгодишен мандат.
Remove ads
Стопанство
Со економските и фискалните реформи во државата се забележал годишен економски пораст од 5 до 6%. Туризмот е голема стопанска гранка во државата. Официјална валута на Гренада е источнокарипскиот долар и заедно со уште седум карипски држави се дел од заедничка централна банка.[5]
Гренада се нарекува „островот на зачините“ бидејќи таа има големо производство на различни зачини, особено на индиски орев, каде 20% од светкото производство доаѓа од Гренада. Како дел од туризмот, популарни се водните спортови, но во последно време и екотуризмот е во подем во државата.
Remove ads
Административна поделба

Гренада е поделена на 6 парохии. Парохиите на Гренада се:
|
|
Демографија

Голем дел од населението се со африканско потекло, луѓе кои биле донесени од Африка како работници на плантажите. Покрај нив има и староседелско население, но и мал број на Индијци и белци. Вкупното население е околу 110.000 жители.
Гренада, како и останатите карипски острови, се соочува до голем процент на миграција, каде се верува дека двојно повеќе Гренаѓани од населението на државата живеат во странство.
Службен јазик во Гренада е англискиот јазик, но јазикот патоа се смета за лингва франка во државата, кој пак се зборува само од 10 или 20 % од населението. Скоро целото население во државата се Христијани.
- Христијани - 96,600
- Муслимани - 300
- Без Религија - 1,000
- Хиндуисти - 700
- Народна Религија - 1,300
- Други - 200
Remove ads
Култура

Иако француската култура е помалки видлива одошто кај останатите карипски острови, во Гренада се зачувани француските топоними и секојдневниот јазик има примеси од францускиот. Француската култура е повеќе видлива во кулинарството и облеката, но има и малку зачувана француска архитектура од 1700-те. Целокупната култура на островите е под силно влијание на африканската.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads