Знаме на Коморите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Коморите беше дизајнирано во 2001 година и официјално усвоено на 7 јануари 2002 година. На знамето има полумесечина и четири ѕвезди, што многу беа разместувани низ знамето во текот на независноста на Коморите.

Дизајн
Дизајнот на знамето се состои од бела полумесечина со четири бели ѕвезди во внатрешноста на зелен триаголник. На знамето исто така има четири ленти, кои ги претставуваат четирите острови на нацијата: жолтата е за Мохели, белата лента е за Мајоте, црвено е за Анјоуан, и сината лента е за Гранде Коморе. Ѕвездата и полумесечината го претставуваат исламот што воедно е и официјална вера во Коморите.
Поранешните знамиња на Коморите
Поврзано
![]() | Оваа статија поврзана со Коморите е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads