Комори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коморски Острови или Комори — островска земја во Индискиот Океан. Главен град е Морони.
Remove ads
Потекло на поимот
Историја
Се верува дека Коморските Острови за првпат биле посетени од феникиски морнари[3][4]. Најраните жители на островите, според некои извори биле морнарите од Меланезија[5], кои се населиле овде кон 5 век. Племето Банту очигледно на овие простори се населило кон 14 век главно од бреговите на денешната држава Мозамбик. Во текот на 15 век и 16 век овде се населиле арапски имигранти, кои започнале да ја шират својата религија градејќи џамии. Португалските истражувачи ги посетиле островите во 1505 година. Коморските Острови во 1886 година биле колонизирани од страна на Французите. Во 1958 година островите добиле статут на француска територија. Во 1968 година островите добиле можност за самостојно внатрешно управување.
Независност (1975)
На 6 јули 1975 година островите биле објавени за независна држава, а од 1978 година како федерална исламска република. Во текот на 1989 година бил извршен државен удар и бил убиен претседателот Алмед Абдалах. Од прогласувањето на независноста на земјата биле извршени вкупно 19 државни преврати. Политичката нестабилност и дестабилизацијата на земјата се решила во 2001 година кога бил избран новиот устав според кој секој остров има своја широка автономија и свое право да избира свој претседател. Земјата е член од ООН од 1975 година.
Remove ads
Географија и клима
Политички систем
Административна поделба

Според уставот, островите Гранд Комор, Анжуан и Мохели имаат право на автономна самоуправа и свои претседатели, со исклучок на државните работи како надворешните односи, одбраната, државјанствата, фискалните и банкарски работи и сл.
Remove ads
Стопанство
Население, јазик и религија
Според податоци од 2006 година, населението на Коморските Острови изнесува 690 948 луѓе. Службени јазици во земјата се арапскиот и францускиот, но најупотребуван јазик е коморскиот јазик. Околу 98 % од населението на Коморите се муслимани, а останатите 2% се христијани, претежно римокатолици[6]. Белите Африканци се околу 1 000 на број, или околу 0,15 % од населението.
- Христијани - 3,650
- Муслимани - 717,590
- Без Религија - 730
- Народна Религија - 7.300
Remove ads
Култура
Музика
Спорт
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads