Знаме на корејското обединување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знаме на корејското обединување — знаме коешто има за цел да ја претставува цела Кореја кога Северна и Јужна Кореја настапуваат на спортски натпревари како еден тим. Позадината на знамето е бела, а во средишниот дел има светлосина слика на Корејскиот Полуостров, вклучувајќи го и островот Чеџу на југозапад, како и островот Уљиндо и Лианкур на исток. Сепак, на знамето за време на Зимските олимписки игри 2018, островите Уљиндо и Лианкур не биле вклучени.[1][2][3] Знамето нема статус на државно знаме во ниту една од двете Кореи.
Remove ads
Варијанти
- Корејскиот Полуостров со Чеџу
- Корејскиот Полуостров со Чеџу и Уљиндо
- Корејскиот Полуостров со Чеџу, Уљиндо и Лианкур
Употреба
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads