Зографско евангелие

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зографско евангелие
Remove ads

Зографско евангелие — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век напишано на глаголица и пронајдено во Македонија[1].

Кратки факти Зографско евангелие, Година на изработка ...
Remove ads

Ракопис

Ракописот потекнува од крајот на Х или почетокот на XI век и е напишан на 304 листа од пергамент со димензии 180х225 мм[1]. Кон првобитниот текст (272 листови) во XII век на местото на изгубени листови се додадени 16 нови листови испишани со глаголично писмо, а на крајот од ракописот во XIII век е додаден синаксар пишуван на кирилица[1]. Вториот глаголички дел од ракописот е пишуван врз пергаментни листови од коишто претходно е избришан глаголички текст од X век[1]. Недостасува почетниот дел од ракописот и неколку листа од внатрешниот дел на евангелието. Го пишувале двајца глаголописци - едниот од нив го пишувал основниот дел од ракописот, а другиот - додадениот палимпсестов дел, како и двајца кирилописци - при што едниот го запишувал синаксарот, а другиот кириличните записи во глаголичниот дел на ракописот. Од нив е познато само името на пишувачот на синаксарот - Јоан јереј[1].

Remove ads

Писмо

Писмото на ракописот е обла глаголица. Аглести форми има кај поновиот глаголички текст, а глаголица од висечки тип има кај избришаниот текст од палимпсестовиот дел на ракописот[1]. Користен е архаичен правопис со разделно пишување на ук, употреба на диграф шт и ретка вокализација на еровите[1].

Особености

Некои од јазичните особеностите на овој ракопис се:[2]

  • двоеров правопис
  • замена ъ > o и ь > e во силна позиција: cu, cu
  • употреба на четири јусови знаци

Содржина

Според содржината претставува четвороевангелие со синаксар. Евангелието го опфаќа текстот од Матеј 3,11 до крајот на Евангелието според Јован.

Орнаментика

Thumb
Минијатура на Св. Петар и Павле, лист 43.

Според орнаментиката ракописот содржи знаменца и коцновки во геометриски стил и плетени иницијали[1]. Содржи и минијатура на апостолите Петар и Павле и уште неколку невешти цртежи[1]. Повезот е нов и потекнува од XIX век и претставува имитација на окована подврзија од XIV век на грчки ракописен зборник од светогорскиот манастир „Пантократор“[1].

Пронаоѓање

Ракописот е откриен во Зографскиот манастир во 1843 година од австрискиот конзул во Солун - Антун Михановиќ.[1] Во 1860 монашкото братство му го подарило на рускиот цар Александар Втори кој го предал во Руската национална библиотека во Санкт Петербург, каде што и денес се чува под сигнатура Глаг.1[1]. Дигиталната верзија е достапна во нивната дигитална ризница. зографско евангелие

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads