Ракопис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ракопис — збирно име за текстови напишани рачно.[1][2] Како по правило, ракописот е нацрт на книжевно дело или примерок од него, напишан рачно од авторот. По појавата на пишувањето со машина (печатарството), ракописите се однесувале и на текстови печатени на машина за пишување, како и на печатач или со други механички средства.

Ракописна книга — книга во која текстот и илустрациите се воспроизведени рачно, за разлика од печатена книга, која се воспроизведува со печатење. Ракописната книга се состои од самата книга, носителот на текстот и заштитни елементи (омот, повез).
Remove ads
Видови ракописи
- Свиток — долга лента од папирус завиткана во ролна. Најчесто се користел во антиката.
- Кодекс — се состои од листови наредени во ролни, кои пак се зашиени заедно. Се користел широко во средниот век.
- Палимпсест — ракопис, чиј изворен текст е иструган од пергаментот, а листовите се употребени за пишување нов. Благодарение на бојата што останува во микрорапавостите, може да се прочита и постариот текст.
- Фолијант — вид средновековна ракописна книга со особено големи размери.
Remove ads
Познати ракописи
- „Зографско евангелие“ — еден од ретките средновековни ракописи на старомакедонски јазик (старословенски) зачуван до денес.
- „Книга на мртвите“ — староегипетски религиозен папирусен ракопис украсен со цртежи.
- „Војничев ракопис“ — една од најзагадочните ракописни книги.
- „Библија на Вулфила“ — готски превод на Библијата од IV век.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads