Зост (округ)

округ во Северна Рајна Вестфалија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Зост (округ)map
Remove ads

Зост (германски: Kreis Soest) — округ во средишниот дел на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Варендорф, Гитерсло, Падерборн, Горен Зауерланд, Марковскиот округ, Уна, како и со независниот град Хам. Седиште на округот е градот Зост.

Кратки факти Зост Kreis Soest, Земја ...
Thumb
Обласна сала во Зост, напред старата зграда со сала за состаноци на 1 кат, во позадина мал дел од новата зграда
Remove ads

Историја

Во средниот век Зост бил најголемиот град во Вестфалија. Меѓутоа, откако со борба се ослободил од власта на Келнските епископи во 1449 г. постепено почнал да го губи своето значење. Градот повторно добил на важност во 1816 г. кога новата пруска власт го создала округот. Во 1975 г. кон него бил припоен соседниот округ Липштат и делови од поранешниот округ Арнсберг.

Географија

Округот ги опфаќа ридските предели на областа Зауерланд и ниските делови северно од него, наречени Хелвег. Ниското земјиште има мошне плодна лесова почва, поради што подрачјето има развиено земјоделство уште од стари времиња. Главни реки кои течат низ округот се Рур, Липе и Мене, на које денес се наоѓа вештачкото Менско Езеро. Највисока точка е Варштајн (580 м), а најниска е долината на Липе (65 м).

Remove ads

Грб

На окружнот грб се претставени два симбола на Келнските епископи, во чија сопственост бил Зост сè до 1449 г. На левата половина е клучот на Свети Петар — заштитник на Келн; десно е црниот крст на Келн. По спојувањето на округот со Липштат врз крстот е ставена и розата — симбол на областа Липе. Оваа нова верзија на грбот е усвоена во 1976 г.

Градови и општини

Thumb
Градови и општини во округот Зост
Повеќе информации Градови, Општини ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads