Зрновска Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зрновска Река — река во источниот дел на Македонија, во атарот на Општина Зрновци, и е лева притока на Брегалница. Извира под врвот Козобран, во месноста Бохчалија, на Плачковица, на надморска височина од 1.420 м.
Сливното подрачје на Зрновска Река изнесува 70 км2, а должината 24 км[1]. Нејзиниот релативен пад изнесува 47,6%. Од извориштето тече кон запад под името Улмија, а потоа свртува кон север и е позната како Зрновска.[2]
До селото Зрновци реката е планинска со клисуреста долина, а потоа низ полето, до вливот, тече како рамничарска река. Се влева непосредно до патот Кочани-Зрновци, на надморска височина од 325 метри. Од реката се наводнуваат околу 250 хектари под пченка, праз и други земјоделски култури.
На реката Зрновка има изградено хидроцентрала, што во голема мера го изменила природниот водотек на реката и животните услови во неа.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads