Иван Тургенев

руски писател From Wikipedia, the free encyclopedia

Иван Тургенев
Remove ads

Иван Сергеевич Тургенев (руски: Ива́н Серге́евич Турге́нев; Орел, 28 октомври 1818 Париз, 22 август 1883 ) — руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршиле големо влијание врз развојот на романот. Најзначајните дела му се романите: „Благородничко гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“, како и драматаЕден месец на село“.

Кратки факти Иван Тургенев Ива́н Турге́нев, Роден/а ...
Remove ads

Творештво

Библиографија

Осврт кон творештвото

Во основа, книжевната критика има поволен став кон творештвото на Тургенев. Така, неговата прва поема, „Параша“, големиот руски критичар Белински ја оценил како еден од прекрасните сонови на разбудената руска поезија, заспана по смртта на Лермонтов. Притоа, тој го пофалил Тургенев не само поради творечката дарба, туку го нарекол и „син на нашето време, кој во градите ги носи сите негови маки и прашања“. Оваа оцена целосно се однесува и на „Записите на ловецот“, каде Тургенев со богатата галерија на хумани и индивидуализирани ликови на селани го крева гласот против феудалниот систем во тогашна Русија. И ова дело наишло на поволни оцени, а Херцен го опишал како „поетско обвинение против феудалното право“.[1]

Значење и влијание

Во делата на Тургенев се појавува типот на рускиот благородник — интелектуалец и хуманист кој ги воодушевува младите луѓе, но не е способен да го направи одлучниот чекор дури ни во личниот живот. Овој познат општествено-книжевен лик, т.е. „непотребен човек“, кој потекнува од Пушкиновиот Онегин, има посебно место во делата на Тургенев. Всушност, сите ликови во руската книжевност, појавени пред и по Тургенев го добиле името токму по расказот на Тургенев, „Дневникот на непотребниот човек“ (1850), а неговиот Рудин е најубедливиот претставник на тие ликови.[2]

Тургенев оставил силно влијание врз поголем број писатели. Така, уште во 1858 година, Николај Чернишевски ја напишал статијата „Русин на rendez-vous (Размислувања по читањето на расказот на г. Тургенев — Асја“ во која ја прифаќа концепцијата на Тургенев и ги истакнува празнината, неодлучноста и општествената непотребност на книжевните ликови од делата на Тургенев. Исто така, Гистав Флобер се воодушевувал од Елена, ликот од „Спроти новите дни“.[3]

Во романот „Шунка на 'ржан леб“, американскиот писател Чарлс Буковски наведува дека еден од првите писатели кои му оставиле силен впечаток бил токму Тургенев, опишувајќи го со зборовите: „Тургенев беше многу сериозен тип, но успеваше да ме насмее, зашто може да биде многу смешно кога првпат ќе чуеш некоја вистина. Кога нечија вистина е иста како твојата, и кога се чини дека тој ја кажува само за тебе, тоа е навистина нешто.“[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads