Илесли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Илесли
Remove ads

Илесли (грчки: Οινόη, Инои), до 1927 година (грчки: Ιλεσλή, Илесли) [2]) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 111 жители.

Кратки факти Илесли (Лесли) Οινόη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на околу 10 км источно од Кожани.

Историја

За време на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Илесли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Лесли (Λεσλή) живееле 330 Турци.[3]

Во Грција

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Илесли има 410 жители.[4] Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 94 семејства и 384 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Инои.

Remove ads

Демографија

Пописи

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 410 жители
  • 1920 – 427 жители
  • 1928 – 384 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads