Илија Кушев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илија Кушев — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуциона организација, член на Македонското студентско друштво „Вардар“.
Кушев е роден на 24 март 1896 г. во Велес, во семејството на просветниот деец и МРО револуционер Бано Кушев[1][2]. Неговиот чичко Петар Кушев е легален деец на ВМОРО, а брат му Тодор Кушев е четник на ВМРО (убиен во Гевгелиско во 1925 од српската милиција[3]).
Завршува на Солунската егзархиска гимназија во 1913 година. По Втората балканска војна истата година пребегнува во Софија, Бугарија, каде што понатаму се школува на Военото училиште. Во 1915 г. е мобилизиран во бугарската армија и учествува во Првата светска војна како поручник од 1-от артилериски полк на Петтата дунавска дивизија.
По војната слуша предавања по право на Софискиот универзитет, но ги прекинува, за да се вклучи во револуционната борба на востановената ВМРО. Испратен Македонија како велешки околиски војвода. Според Ванчо Михајлов, „Кушев е многу сериозен човек, високо културен, со поетична дарба, со силна волја, во неговото лице Македонија изгуби еден докажан борец и водач“ [4].
Во август 1919 година се основа Македонското студентско дружество „Вардар“ и Илија Кушев е во управителството, заедно со Љубомир Весов и други[5].
Загинал трагично на 29 ноември 1922 г., кај велешкото село ’Рлевци, убиен од Турци предавници од неговата чета заедно со четниците Иван Ѓошев од Крајници и кратовчанецот Мане Кратовски.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads