’Рлевци

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

’Рлевциmap
Remove ads

’Рлевци — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Ова е село во северниот дел на Општина Велес, чиј атар се допира до Скопската Котлина. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 540 метри.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во ’Рлевци живееле 280 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во ’Рлевци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото, ’Рлевци има 18 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 5 Македонци и 4 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

’Рлевци е македонско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Лавчиовци (5 к.) според родовското презиме имаат потекло од некогашното одамна раселено велешко село Лавчани близу денешното село С'лп крај десниот брег на Вардар и имаат далечни роднини во селото Белештевица, Петревци (4 к.), Дрнковци (3 к.), Науновци (1 к.), Угриновци (1 к.), Здравковци (10 к.), Саздовци (4 к.) и Ѓоргијовци (2 к.)
  • Доселеници: Цуцуловци (4 к.) и Анчевци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се однекаде; Дреновчани или Василковци (7 к.) доселени се од селото Дреново; Белештевци (3 к.) доселени се од селото Белештевица; Карбуневци (2 к.) доселени се од селото Карабуниште.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Опшествени институции

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads