Илија Николовски-Луј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Илија Николовски-Луј (Прилеп, 7 октомври 1913 - Скопје, 22 октомври 1973 ) - македонски композитор и педагог.

Кратки факти Роден, Починал ...

Музика учел во Белград и Софија, а дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Тој бил еден од првите организатори на музичкиот живот во Република Македонија. Како учесник во НОВ, во 1944 година формирал хор и дувачки оркестар. Бил директор на Средното музичко училиште во Скопје во периодот од 1947 до 1973 година, каде што истовремено предавал и труба. Како долгогодишен раководител на оваа институција, дал голем придонес во поставувањето и развојот на музичкото образование. Од 1979 година патрон на Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ се слави на денот на неговата смрт.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads