Индиски национален календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Индиски национален календар, понекогаш наречен шаливахански сачки календар — календар во употреба во Индија заедно со викранмскиот календар и широко застапениот грегоријански календар. Често се среќава во државниот службен весник, во вестите, Сеиндиското радио и службените дописи на Владата на Индија.[1] Создаден е со одлука на посебна комисија, која разгледувала голем број индиски календари и имала за цел да утврди еден календар за обединета и независна индија. Календарот стапил на сила во 22 март 1957 г. по грегоријански.[2]
Сачкиот календар се користи и во други краишта поради индиското влијание низ историјата. Такви места се островите Јава и Бали, каде е во употреба меѓу индонезиските хиндуисти. Сачката нова година на Бали се слави како празникот Њепи („Ден на тишината“). Непалскиот календар води потекло од сачкиот. Сачкиот календар се користел и во неколку подрачја на денешните Филипини, за што сведочи Лагунскиот бакрорезен натпис — единствениот стар првоизворник за хиндуизмот во земјата.
Поимот може да се однесува и на хиндуистичкиот календар; шаливаханската ера неретко се користи и во други календари и има сончеви години.
Remove ads
Месеци
Календарските месеци ги следат знаците на тропскиот зодијак наместо вообичаениот ѕвезден зодијак во хиндуистичкиот календар.
Првиот месец во годината чаитра има 30 дена и почнува на 22 март, освен во престапна година, кога има 31 ден и почнува на 21 март (грегоријански). Сите месеци во првата половина на годината имаат по 31 ден земајќи го предвид побавното движење на Сонцето по еклиптиката во тој период.
Месеците имаат имиња изведени од постари хиндуистички месечево-сончеви календари; оттука постојат правописни разлики, и со тоа можност да се помеша припадноста на месецот во даден календар.
Првиот ден од седмицата е равивара (недела).[3] Според официјалниот календар кој го води државната управа, седмицата трае од недела од сабота.[1]
Годините се сметаат според сачката ера, која почнува од нулта година, што соодветствува на 78 г. од нашата ера. Престапните години се истите како грегоријанските.
Remove ads
Поврзано
- Хиндуистички календар
- Викрамска ера
- Сачка ера
- Бенгалски календар — сроден на индскиот
- Персиски календар
- Коламска ера од малајалскиот календар
- Тамилски календар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads