Бенгалски календар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Бенгалски календар (бенгалски: বঙ্গাব্দ, букв.'Baṅgābda') — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).

Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS)[1] или бенгалска година (বাংলা সন бангла сон, বাংলা সাল бангла сал или бангабда)[2]. Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.

Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик[3][4]. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.[5]

Remove ads

Организација

Месеци

Повеќе информации Месец, Бенгалски ...

Денови

Бенгалскиот календар има седумдневна седмица како многу други календари. Деновите во седмицата се наречени според божествените небесни тела наречени наваграси (নবগ্রহ нобогрохо). Денот почнува и завршува во утрината, за разлика од грегоријанскиот, каде почнува на полноќ.

Се смета дека могулскиот цар Акбар Велики во 1584 г. вовел посебни имиња за секој ден од месецот, но ова се покажало непрактично, па неговиот внук Шах Џахан ја вовел седумдневната седмица со почеток во недела, по пример на грегоријанскиот календар.[4]

Повеќе информации Ден, Бенгалски ...
Remove ads

Традиционална наспроти преработена варијанта

Thumb
Двете варијанти на бенгалскиот календар — горе: традиционален западнобенгалски; долу: преработен бангладешки.

Денешниот бенгалски календар во Индија се заснова на санскритскиот спис Сурја сиданта и ги користи старите имиња на месеците.[3] Има големи сличности со хиндуистичкиот календар поради заедничката вероисповед.[3]

Во Бангладеш истиот е преработен во 1966 г. од страна на одбор на чело со Мухамед Шахидула. Решено е првите пет месеци да траат 31, а остатокот по 30 дена (додавајќи му по еден ден на фалгун во престапна година).[3] Овој преработен календар е официјално усвоен од државата во 1987 г.[3][4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads