Инсула

From Wikipedia, the free encyclopedia

Инсула
Remove ads

Инсуластанбена зграда каде живееле за римјаните од ниска и средна класа (плебејците). На приземјето на зградата имало таверни, продавници и занаетчиски дуќани, а на спратовите се наоѓале станови.

Thumb
Реконструкција на инсула во Остија

Урбанизацијата на големите рисмки градови значела голема побарувачка на станови во релативна близина на центарот, и затоа недвижностите биле скапи. Затоа куќите биле луксуз кој само богатите можеле да си го дозволат. Поради ова најголемиот дел од луѓето во урбаниот Рим живееле во станбени згради наречени инсули.

Овие згради често биле градени со најмал можен трошок. Така, инсулите не биле многу квалитетно изградени и биле подложни на пожар и колапс, како што ги опишал Јувенал. Заради небезбедноста и поголемиот број на скалила, најгорните спратови биле најнепожелни, и затоа најевтини за изнајмување. Инсулата имала до 6-7 спрата (а некои дури и 8 и 9 пред ограничувањата).

Заради опасноста од пожар и колапс, Октавијан Август ја ограничил висината на инсулите на 70 стапки (20,7 м), а потоа Нерон ја ограничил на 60 стапки (17,75 м) по Големиот пожар во Рим. Во градот Рим имало околу 50.000 инсули, во споредба со само 2000 домуси (приватни куќи) во доцните 200-ти н.е., кога градот бил во опаѓање и бројот на жителите бил помал.

Меѓутоа не секоја инсула била со низок квалитет. Постоеле и инсули кои имале огромни раскошни станови и биле сместении во екслузивните делови од градот.

Речиси сите инсули имале водовод и санитарии.

Називот „инсула“ доаѓа од латинскиот збор за остров. Зградата била наречена така заради тоа што личела на остров гледано од птичја перспектива заради тоа што била опкружена со улици од сите четири страни.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads