Иса-бегова џамија (Скопје)

џамија во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Иса-бегова џамија (Скопје)
Remove ads

Иса-бегова џамијаџамија во Скопје, сместена на просторот северно од Султан-муратовата џамија и спроти пазариштето Бит-пазар. Според натписот кој се наоѓа над влезната врата, џамијата била изградена во 1475 година, како завештание на третиот отомански управител на Скопје, Иса-бег. Како и поголемиот број други градби во и околу чаршијата, Иса-беговата џамија претрпела големи оштетувања за време на земјотетсот во 1963 година, при што било срушено минарето. Подоцна, заедно со целата џамија, минарето било обновено.[1]

Thumb
Земјотресот во Скопје од 1963 година: Иса бегова џамија по земјотресот
Кратки факти Иса-бегова џамија, Религија ...

Градбата е претставник на раната цариградска архитектура и е градена по примерот на џамијата Рум Мехмед Паша во Истанбул. Изградена е од делкан бигор и хоризонтално наредени тули, при што фасадата во горниот дел завршува со дворедни венци. Основата на џамијата зафаќа површина од 19 m2 и е покриена со две големи куполи, кои пак се обложени со олово. Пред ввлезната врата од џамијата бил изграден трем, покриен со пет мали куполи и аркадни лакови. Во задниот дел се издига минарето, коешто е високо 34 m.[1] На западната страна од џамијата се наоѓа дрвена врата, која содржи резба со ориентални мотиви. Во нејзината внатрешност, пак, се наоѓа саркофагот на Хазнадорат, книгводител на Иса-бег, којшто е изработен од мермер, а неговиот гроб од ќерпич.[2]

Некогаш, во склоп на џамијата имало библиотека и медреса. Библиотеката броела повеќе од 320 различни ракописи. Според Глиша Елезовиќ,

„како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, оваа библиотека може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век.“[3]

Remove ads

Наводи

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads