Исланѓани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Исланѓани
Remove ads

Исланѓаните (Íslendingar) се германски народ кој воглавно ја населува нордиската држава Исланд.[6] Мајчин јазик на Исланѓаните е исландскиот јазик, а доминантна религија е Христијанството, поточно Лутеранството. Исланѓаните се потомци на Викинзите и Келтите кои во дамнешните времиња го населиле островот.[7][8]

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Remove ads

Јазик

Мајчин јазик на Исланѓаните е исландскиот јазик, кој воедно е национален и де факто службен јазик во Исланд. Исландскиот е северногермански јазик. Исландскиот јазик е карактеристичен по тоа што задржал голем број елементи од старонордискиот јазик. Јазикот има инфлективна граматика и посложен глаголски и именски систем. Исландскиот јазик е сроден со останатите северногермански јазици, особено со фарскиот, данскиот, норвешкиот и шведскиот.

Remove ads

Религија

Христијанството на Исланд пристигнало во 1000 година и тогаш започнала христијанизацијата на островот. Државата иако е секуларна, сепак Христијанството е доминантен културен елемент во државата. Лутеранската црква, позната во државата како Црква на Исланд, е најголема христијанска црква во државата и се тврди дека 84% од населението се лутеранци.[9] Христијанството во Исланд имало значително влијание од пијетизмот, кој бил донесен од Данска во 18 век. Во Исланд, покрај лутеранците, се наоѓаат и Католици, како и останати протестантски цркви.

Remove ads

Ономастика

Карактеристично за Исланѓаните и исландската култура е користењето на патроними и матроними, одошто обични презимиња како што е во македонскиот јазик. Патронимите се почесто користени за разлика од матронимите. Тие се засноваат на името на таткото или мајката со додавање на ’син’ или ’ќерка’. Така на пример „Елисабет Јонсдотир“ (Elísabet Jónsdóttir) во превод е „Елисабет ќерка на Јон“, или пак „Олафур Катринарсон“ (Ólafur Katrínarson) во превод е „Олафур син на Катрин“.[10]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads