Исток I (Оптичари)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Исток Iархеолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. Во близина на веќе истраженото наоѓалиште „Тумба“ се пронајдeни уште две нови помали [[тумби кои поради своите позиции најверојатно претставуваат дел од една населба. Тие се наоѓаат на 3 км источно од „Тумба“, а сместени се веднаш една до друга. Иако можат да се констатираат две засебни помали тумби, сепак набљудувани од страна тие функционираат како едно наоѓалиште. Единствено преку идни истражувања би можело да се утврди дали тие биле активни во исто време или пак едната била основана подоцна и постепено странично се напластила врз постарата тумба. Во секој случај, и за двете тумби се земени независни коти, иако е пресметана вкупната површина што тие заедно ја зафаќаат. Во источниот дел, едната од нив е пресечена од канал за наводнување, така што пресметената зафатнина не ја дава целосната слика за вкупната површина. Што се однесува до археолошкиот материјал, се забележува присуство на предисториска и античка керамика. Дел од овој материјал има истакнато груба и невообичаена фактура со мноштво примеси на калцити, па не може да се утврди дали керамиката е неолитска, бронзенодобна или пак средновековна[1].

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads