Кадаиф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кадаиф (турски: kadayıf, грчки: κανταΐφι) — левантска тестена пита потопена во сладок шеќерен сируп, наречен шербет, типичен за регионите кои беа во состав на поранешното Отоманско Царство. Тој е специјалитет на левантските земји (Либан, Јордан, Израел, Палестина, Сирија и Северен Египет). Скоро е ист со грчкиот и турскиот кадаиф.

Remove ads
Начин на приготвување
Суровиот кадаиф се приготвува на следниов начин: Се прави тесто од бело брашно и јајца и се става во сад кој од долната страна е мрежест, нешто слично на сито. Потоа, од тој сад тестото се става во голема тепсија која е добро загреана на жар претходно нареден под неа. На тој начин се добива танок готов производ во вид на фиде кој се вади од тепсијата и лади. Од овој суров кадаиф се прави кадаифот за јадење така што се става во длабока тепсија, над него се истура одредена количина масло, па се печи во рерна или во пекарница. Откако ќе се испечи, врз него се налива густиот шеќерен сируп, односно шербетот.
Remove ads
Варијанти на кадаиф
Најчеста варијанта на овој десерт е подготовка со меко бело сирење, како што е сирењето Набулси, кое се става во средината и се прекрива со тесто. Често на најгорниот слој се додава и црвена прехранбена боја, за да не мора да се пече долго време. Се украсува со искршени фстаци.
Поврзано
![]() | Оваа статија храната е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads