Казанлак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Казанлак (бугарски: Казанлък) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Казанлак во Старозагорската Област. Има население од околу 48.989 жители (2022).[1]
Градот е сместен во подножјето на Стара планина. Познат е како град на сликарите и розите. Тој е индустриски центар и главен град на Розовата долина. Розата спаѓа меѓу значајните култури, која се користи како суровина во козметиката. Поради големото производство и употреба на казани (за варење на розовото масло) градот го добил своето име, кое потекнува од турскиот збор „казанлак“ (kazanlik — место каде се прават казани).
Во Казанлак се наоѓа наjголемата и наjдобра зачувана во Бугарија Тракиска гробница под заштита на УНЕСКО, историски музеj, музеj на розата. Во близина се наоѓа античкиот град Севтополис и долината на тракиските цареви. Претставува административен центар на опшина Казанлак.
Во градот се наоѓа и наjголемата воена фабрика на Балканот „Арсенал“, каде се произведуваат автоматските пушки „Калашников“, ловечки пушки, муниција и други огнени оружја.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads