АК-47
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
АК-47, автомат Калашников (руски: Автомат Калашникова образца 1947 года) или само калашников[4] — автоматска пушка од советско производство, која се користи и во Македонската армија. Ја разработил Михаил Калашников и е една од најпознатите и најраспространетите автоматски пушки денес. Оваа пушка се покажала како многу добра во војната во Виетнам каде што американските војници кажувале дека АК-47 е многу поиздржлива од нивната М16 јуришна пушка. Тие тврделе дека, на пример, ако се стави М16 во кал, ќе се закочи, а со АК-47 не е така. Оваа пушка е најраспространетата пушка во светот на сите времиња.
Ознаката АК-47 е раширена во западните извори, но никогаш не била официјална во СССР и во Русија. Официјалната ознака е АК.
Remove ads
Дизајнерски концепт
Михаил Калашников ја започнал својата кариера како конструктор на оружје во 1941 година додека се оправувал од раната на рамото што ја доби за време на Битката кај Брајанск. Самиот Калашников изјави... „Бев во болница, а еден војник во креветот покрај мене праша: Зошто нашите војници имаат само една пушка за двајца или тројца наши, кога Германците имаат автомати?' Така дизајнирав еден. Бев војник и создадов митралез за војник. Се викаше Автомат Калашников; автоматското оружје на Калашников — АК — и ја носеше годината на неговото прво производство, 1947 година(АК-47.
АК-47 најдобро се опишува како хибрид од претходни технолошки иновации . „Калашников одлучил да дизајнира автоматска пушка која ќе ги комбинира најдобрите одлики на американскиот М1 и германскиот StG 44 (познат и како MP-44). Тимот на Калашников имал пристап до ова оружје па затоа немал потреба да го „измисли тркалото“. Самиот Калашников има кажано: „Многу Руски војници ме прашуваат како може да се стане конструктор и како е дизајнирано новото оружје. Ова се многу тешки прашања. Се чини дека секој дизајнер има свои патишта, свои успеси и неуспеси. Но, едно е јасно: пред да се обидете да создадете нешто ново, од витално значење е добро да го цените сето она што веќе постои на ова поле. Јас самиот имав многу искуства кои потврдуваат дека е така".
Remove ads
AК-47 во културата
АК-47 е светски најпознато оружје на сите времиња и е исто така едно од најприозведуваните. Калашниковиот учествувал во многу војни околу светот. Тоа предизвикало да некои народи и држави го освоиле АК-47 како национален симбол. Така на пример, на знамето и грбот на Мозамбик може да се види АК-47 како симбол на револуцијата, потоа на грбот на Зимбабве, Источен Тимор, Буркина Фасо и други комунистички и посткомунистички земји како што се Виетнам. АК-47 ги симболизира комунистите од Виетнамската војна и од многу други војни.
Remove ads
Корисници
АК-47 се користи во многу земји во светот:
- Авганистан
- Албанија
- Алжир
- Ерменија
- Азербејџан
- Бангладеш
- Бутан
- Босна и Херцеговина
- Бугарија
- Камбоџа
- Камерун
- Зелено`ртски Острови
- Чад
- Народна Република Кина
- Хрватска
- Колумбија
- Куба
- Кипар
- Источна Германија
- Египет
- Еритреја
- Етиопија
- Финска
- Хондурас
- Унгарија
- Индонезија
- Индија
- Иран
- Ирак
- Казахстан
- Кенија
- Косово
- Лаос
- Либан
- Либија
- Македонија
- Мадагаскар
- Монголија
- Црна Гора
- Мозамбик
- Намибија
- Никарагва
- Нигерија
- С. Кореја
- Пакистан
- Панама
- Полска
- Романија
- Србија
- Сиера Леоне
- Русија
- Словенија
- СССР
- Сомалија
- Шри Ланка
- Судан
- Сирија
- Турција
- Тајланд
- Украина
- ОАЕ
- Узбекистан
- Виетнам
- Јемен
- СФР Југославија: Застава M64 (AK-47) , Застава M70 (AKM)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads