Казаново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Казановоmap
Remove ads

Казаново (грчки: Κοτύλη, Котили; до 1928 г. Καζάνοβο, Казаново[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Казаново Κοτύλη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено на околу 8 км југоисточно од градот Ругуновец.

Историја

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Казаново (Cazanovo) е село во Кукушката каза со 40 домаќинства на 1.848 Македонци.[4][5]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Казаново (Kazanovo) било село во Кукушката каза со 240 Македонци и во него работело бугарско училиште.[4][7]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Казаново имало 25 куќи на Македонци христијани.[8]

Во Грција

За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото било опустошено, а населението побарало спас во Вардарска Македонија. Истата година тоа е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор, а на пописот од таа година се води како напуштено.[3]

По Првата светска војна атарот на селото е откупен од неколку велепоседнички семејства на чело со родоначалникот Котили, по кој е дадено неговото ново име. Поседниците се стекнале со 750 хектари првокласна земја. Во 1920 г. селото имало 53 жители, а во 1928 г. тие биле 42.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

Thumb
Дејци на ВМОРО од Кукушко. Трајко Косето Аџаларски, Мине Токлев и Доне Постоларски; Јане Лисичин Казановлија, Лазар Голов и Христо Дили-пале, 19 октомври 1904 г.
  • Вангел Казански (1860 – по 1943) — револуционер
  • Јане Казански — револуционер, деец на ВМОРО
  • Јане Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[10]
  • Гоце Запрев (Запров, 1884/1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[11]
  • Jордан Христов (1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[12]
  • Мице Колев (1879 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, IV чета на XIV Воденска дружина[13]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads