Казашки јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Казашки[5] (самонар. қазақ тілі, qazaq tili) — јазик од туркиското семејство кој се зборува воглавно во Казахстан, каде е и службен јазик. Казашкиот јазик е дел од подгрупата на кипчачки јазици. Сродни јазици на казашкиот јазик се ногајскиот јазик и каракалпачкиот јазик. Главно писмо за пишување на јазикот е кирилицата.

Кратки факти Казашки јазик, Изговор ...
Remove ads

Распространетост

Казашкиот јазик се зборува воглавно од Казаци на територијата на Казахстан од Каспиското Езеро до планините Тјеншан. Казашкиот е службен државен јазик во Казахстан. Казашкиот исто така се зборува и во Кина, во автономниот регион Синкјанг. Според пописот во Русија од 2002 година, во државата имало 560.000 луѓе кои зборувале казашки. Останати држави каде се зборува казашкиот се Монголија, Узбекистан, Авганистан, Иран, Турција и останатата казашка дијаспора.

Remove ads

Писмо

Денес во Казахстан и Монголија казашкиот јазик се запишува со кирилица. Казаците кои живеат во Кина користат арапско писмо, кое е слично со арапското писмо кое го користи ујгурскиот јазик. Најстарите запишани документи на јазик сличен со казашкиот биле напишани со орхонско писмо. Сепак, денес не се верува дека тие се директни наследници на казашкиот. Модерниот казашки се запишувал на кирилица, латиница и арапско писмо.

Во октомври 2006 година, Нурсултан Назарбаев, претседателот на Казахстан, ја предложил идејата за користење на латиницата наместо кирилицата како официјално писмо на казашкиот во државата.[6][7] Казашка владина студија во септември 2007 година образложила дека промената на писмото може да трае 10 до 12 години и истото би чинело 300 милиони долари.[8] Сепак, на 13 декември 2007 година, казашкиот претседател изјавил да не се менува писмото, бидејќи „веќе 70 години Казахстанците читале и пишувале на кирилица. Повеќе од 100 националности живеат во нашата држава. Поради тоа ни треба стабилност и мир. Ние не треба да брзаме при промената на писмото.“[9]

кирилица арапско писмо латиница македонски
Барлық адамдар тумысынан азат және қадір-қасиеті мен кұқықтары тең болып дүниеге келеді. Адамдарға ақыл-парасат, ар-ождан берілген, сондықтан олар бір-бірімен туыстық, бауырмалдық қарым-қатынас жасаулары тиіс.بارلىق ادامدار تۋمىسىنان ازات جانە قادىر-قاسيەتى مەن كۇقىقتارى تەڭ بولىپ دۇنيەگە كەلەدى. ادامدارعا اقىل-پاراسات، ار-وجدان بەرىلگەن، سوندىقتان ولار ءبىر-بىرىمەن تۋىستىق، باۋىرمالدىق قارىم-قاتىناس جاساۋلارى ءتيىس.Barlıq adamdar twmısınan azat jäne qadir-qasïyeti men kuqıqtarı teñ bolıp dünïyege keledi. Adamdarğa aqıl-parasat, ar-ojdan berilgen, sondıqtan olar bir-birimen twıstıq, bawırmaldıq qarım-qatınas jasawları tïis.Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Remove ads

Гласовен систем

Самогласки

Повеќе информации Предни, Централни ...

Согласки

Повеќе информации билабијални, лабио-забни ...

Следните букви не се означуваат како одделни, туку се разликуваат по местото каде се формираат:

Повеќе информации Предни, Задни ...

Следните се разликуваат според тоа дали им претходат и следат самогласки

Повеќе информации С_С, секаде ...

Морфологија и синтакса

Казашкиот јазик е јазик каде глаголот е на крајната позиција во реченицата. Сепак, во јазикот може да се користи и реченичкиот ред подмер-глагол-предмет.[10]

Падежи

Казашкиот има 7 падежи. Падежните наставки се ставаат на последниот елемент од фразата. Наставките може да се менуваат во зависност од природата на самогласката. Падежите во казашкиот се:

Повеќе информации падеж, морфема ...

Лични заменки

Казашкиот јазик има осум лични заменки:

Повеќе информации еднина, множина ...

Личните заменки можат да се деклинираат. Множинските лични заменки немаат неправилни форми, додека еднинските имаат.

Повеќе информации Ном., Аку. ...

Морфеми кои се користат за означување на лицето се:

Повеќе информации лична заменка, копула ...

Време, аспект и начин

Казашкиот може да искаже различни комбинации на време, аспект и начин преку глаголските форми.

Повеќе информации казашки, аспект ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads