Казуар
род птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Казуар припаѓа на родот тркачи кој ги населува тропските шуми на Нова Гвинеја, Источните Мали Сунди, Молучките Острови и североистокот на Австралија .[1] Постојат три современи видови. Најчестиот од нив, австралискиот казуар, е трет по височина и втор по тежина современ вид на птица, помал е само од ној и ему.

Казуарите се хранат претежно со овошје, иако сите видови се сештојади и ќе земаат друга растителна храна, како што се фиданки и семе од трева, но исто така и габи, безрбетници и мали ’рбетници . Казуарите се многу внимателни во односот кон луѓето, но доколку бидат испровоцирани, тие можат да предизвикаат сериозни повреди на луѓето, вклучувајќи и смртни. Казуарот честопати бил прогласуван за најопасна птица во светот .[2]
Remove ads
Систематика и класификација
Родот Casuarius го воспоставил францускиот научник Матирен Жак Брисо во 1760 година.[3] Типски вид е австралиски или јужен казуар ( Casuarius casuarius ).[4] Шведскиот природник Карл Лине го вклучил родот во шестото издание на својот Природен систем објавен во 1748 година [5] но го исклучил во важното десетто издание од 1758 година каде што тој го обедини касарот со нојот и големиот нанду.[6][7]
Remove ads
Однос со луѓето
Некои општества од новогвинејските планини и висорамнини ги фаќаат младите казуари и ги одгледуваат како полупитома живина, за употреба во церемонијалните размени на подароци и како храна .[11] Тие се единствените автохтони австралиски животни кои луѓето делумно ги припитомиле пред доаѓањето на Европејците.[12]
Казуарите имаат репутација на опасни за луѓето и домашните животни. За време на Втората светска војна, американските и австралиските трупи стационирани во Нова Гвинеја биле предупредени да се чуваат од казуарите.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads