Каинсколапонски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Каинсколапонски јазик (изворно: Kainuu Sámi) — изумрен лапонски јазик кој се говорел во регионот Каину, источна Финска. Престанал да се користи некаде во XVIII век, кога неговите говорници подлегнале на асимилација и почнале да говорат фински. Припаѓал на гранката на источнолапонски јазици.

Кратки факти Каинсколапонски јазик, Застапен во ...

Домородното население на Каину се состоело од Лапонци кои се занимавале со лов и риболов. Во XVII век шведскиот Генерален управник на Финска, Пер Брахе, се заложил за порастот на населението во Каину, понудувајќи им десетгодишно даночно ослободување на доселениците. Се сметало дека на Каину му биле неопходни фински земјоделци поради заканата да бидат преземени од Русија од исток. Доселениците биле претежно од областа Савонија (Саво), поради што каинскиот дијалект на финскиот јазик е многу близок на савонскиот говор.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads