Калата

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Калата
Remove ads

Калатаостров (и повремен полуостров) во средиштето на Калиманското Езеро со површина од 1,59 хектари и место на древен утврден рударски град.[1] Сместен е во атарот на с. Дулица во Општина Македонска Каменица, на почетокот од заливот вовлечен кон градот Македонска Каменица. Ова е единствен остров во источна Македонија, иако повремено во истото езерото се појавува мало островче кај с. Тодоровци, со површина од 0,2 ха.

Кратки факти Етимологија, Географија ...
Thumb
План на наоѓалиштето Калата. Освен островот, прикажан е потопениот дел од крепоста.
Remove ads

Историја

На островот и неговата околина, меѓу реките Брегалница и Каменичка бил расположен утврден град уште од римско време, од кој денес само една петтина е над водата, и зафаќал површина од 5,3 ха и се води под археолошката целина „Луковица“.[2] Според една претпоставка, Калата е добиено од калајот кој се вадел од ова место, заедно со златната руда, но поверојатно е дека доаѓа од поимот „кале“. Остатоците кои се присутни денес се доцноантички, изградени со обнова на обѕидието на основа на римските градби. На јужното подножје на сегашниот остров е откриена ранохристијанска црква, а на само еден километар од неа и базилика — обете од V век.[3]

На просторот се среќаваат разни керамички садови, питоси и доста градежен материјал. На околу 500 м северно од островот се откриени и повеќе гробови.[4]

Remove ads

Физички особености

Калата е долга 300 м во правец североисток-југозапад, со најголема ширина од 75 м и најголема висина од 15-25 м, зависно од нивото на водата. Бреговата линија е долга 550 м.[1]

Островот е оддалечен 100-150 м од копното. Лете водата се намалува и островот станува полуостров, поврзан со копното на североисток.

Растителен и животински свет

Калата е покриена со дабова шума и бујна трева, и има разновиден животински свет од водоземци, влекачи и птици.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads