Тодоровци
село во Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодоровци — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Remove ads
Географија и местоположба
Тодоровци се наоѓа во областа Осоговија, во јужниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и неговите маала се издигаат на надморска височина од 480-760 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 7 км, а од Делчево 17 км.
Маалата во селото се познати како Тодоровци и Паламарска Маала.
Историја
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите се простираат на површина од 558 ха, пасиштата се на површина од 327 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 119 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тодоровци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тодоровци имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Тодоровци живеат 235 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 175 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се следниве:
- Македонски
- Староседелци: Ајдаре (4 к.), Пешовци (4 к.), Ѓаците (2 к.), Божичевци (1 к.), Стоиловци (5 к.), Јаневци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Гоцевци (2 к.), Костадиновци (1 к.) и Ристовци (2 к.).
- Доселеници: Митеве (4 к.) кои се доселени во 1904 година од селото Грљани кај Виница; Сасане (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Тработивиште; Алексовци (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Голак, југозападно од Делчево; Ивановци (3 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Ѓоргијовци (2 к.) кои се доселени во 1864 година од селото Костин Дол; Ајдарето (3 к.) кои се доселени во 1913 година од селото Саса; Ристовци (2 к.) кои се доселени во 1890 година од селото Драгобраште кај Виница; Грланци (4 к.) кои се доселени во 1878 година од селото Грљани; Паламарци (5 к.) кои се доселени во 1895 година од селото Илиово.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каненица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 188 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Пресечник — населба од железно време
- Езера
Галерија
- Панорама на селото
- Куќи во селото
- Стара куќа во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads