Кале (Градешница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Градешница. Претставува и населба од населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 300 м југозападно од селото, на височинка со стрмни падини на која има зарамнета тераса опкружена со одбранбени ѕидови, покриени со насип од земја. Внатре се гледаат остатоци од ѕидови на објекти, а по површината има фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал. Најден е голем број монети од времето на Филип V, Персеј, Октавијан, Тибериј, Антонин Пиј, Константин I, Констанциј II, Јустин I и Јустинијан I. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Маркоица — некроола од римско време;
- Вакафско Место — некрополола од хеленистичко време;
- Градешница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads