Градешница

село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Градешницаmap
Remove ads

Градешница — едно од најпознатите села во областа Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо од народните приказни.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото доаѓа од апелативот град (градец, утврдена населба). Се смета дека поимот Градешница означувал големо населено место, а порано во однос на другите мариовски села било најнапредно со што и личело на град. Во времето на феузализмот, градец означувало „тврдина“.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, во крајниот источен дел на територијата на Општина Новаци, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Прилеп, а на друга страна со државната гранична линија со Грција.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Селото е едно од најизолираните места во државата, па така од централното место Битола е оддалечено дури 55 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри.[2] Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 2338.

Градешка Река, која поминува низ самото село, се смета за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[4] Реката извира на планината Ниџе.[5]

Remove ads

Историја

Thumb
Градешница во почетокот на XX век

Една легенда говори дека селото било создадено со доселување на мештаните од Пешта, која се наоѓа на еден рид во непосредна близина на селото. На ридот на височина од 1.100 метри има остатоци од градби од римско време. Друга легенда говори дека жителите на некогашното село Лешче се стопиле со жителите на селото Градешница.[2]

Освен овие легенди, нема податоци за тоа кога настанало селото, но според археолошките наоди може да се утврди дека на местото на денешното село постоел континуитет на живеење дури од праисторијата. Доказ за ова е керамиката украсена со спирали вградена во црквата „Св. Ѓорѓи“, во горниот дел на селото.[2]

Римската тврдина Пешта, која се наоѓа помеѓу селата Градешница и Старавина, имала доминантна стратешка позиција во областа и привлекла да се изградат резиденцијални вили во селото. Вилите биле сместени во месноста Темнички Вир, а според Бранислав Ристевски од Институтот за старословенска култура во Прилеп тие постоеле во периодот од средината на II до крајот на III век. Денес, на тоа место се наоѓаат црквите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Андонија“ и „Св. Спас“.[2]

Селото било едно од главните места на која започнала Мариовско-прилепската буна во 1564 година, поддржана од попот Димитри.[6] Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 83,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.755,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 2.046,5 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 1.471,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Градешница била многу развиена населба со застапеност на занаети.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Демографски статистики за селото Градешница во османлискиот период:[8]

Повеќе информации Османлиски дефтери, Домаќинства ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градешница живееле 1.170 жители, од кои 1.080 Македонци, 80 Власи и 10 Роми.[9] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градешница имало 1.200 Македонци, патријарашисти.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Градешница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 159 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[12]

Од Градешница се иселил голем број од населението, така што, тоа преминало од големо во мало село. Во 1961 година селото броело 1.019 жители, додека во 1994 година бројот се намалил дури на 115 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Градешница живееле 89 жители, од кои 88 Македонци и 1 Турчин.[13]

Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало само 38 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 31 Македонец и 4 лица без податоци.[14]

Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските села во втората половина на XX век. Од етнички аспект отсекогаш Градешница била населена исклучиво со Македонци (немало колонизирани српски семејства по 1913 година). Како и цело Мариово, Градешница била позната по извонредно високиот наталитет, па дури до педесеттите години на XX век биле забележани неколку куќи со по дури 20 деца.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Градешница било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Градешница, се наоѓале и селата Будимирци, Груништа, Зовиќ и Старавина.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0176 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината.[19]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[20]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[21]
  • Кале — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време;
  • Маркоица - некропола од римско време; и
  • Вакафско Место - некрополола од хеленистичко време.
Цркви[22]

Најголема е црквата „Св. Никола“, пред чиј влез се наоѓа убава чешма. Црквата била урната за време на Првата светска војна, а била обновена во 1923 година. За тоа сведочи таблата поставена на левата страна на црквата на која пишува дека била обновена за време на владеењето на кралот Александар Караѓорѓевиќ.

Манастири
Реки[23]
Споменици
  • Статуа на коњ
  • Спомен-чешма за загинатите мештани во НОБ
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Градешница
  • Итар Пејо — познат лик од македонските народни приказни препознатлив по својата итрина и мудрост

Редовни настани

  • Mariovo Off-Road Experience — почнувајќи од 2012 година во последниот викенд на крајот од месец мај, селото било посетувано од големата велосипедска рута во рамки на големиот фестивал на отворено Мариово Off-Road Experience, кој започнувал и завршувал во селото Манастир.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads