Кале (Зашле)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кале или Град — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува утврдена населба од средниот век. Се наоѓа на 2 км источно од селото, на ритче високо околу 300 м и со извонредна стратегиска положба. Калето има форма на неправилен четириаголник со димензии: 100 м во правецот исток-запад и 50 м во правецот север-југ. Оградено е со два одбранбени ѕида широки околу 2 м. По површината има градежен материјал, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови. Откриени се делови од инсталација на водовод кој доаѓал од месноста Краста што е во непосредната близина.[1]
Remove ads
Поврзано
- Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време;
- Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време;
- Караиче — населба и топилница од доцноантичко време;
- На Куќишта — некропола од доцноантичко време;
- Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време;
- Старо Кочиште — населба од средниот век;
- Зашле;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads