Зашле

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Зашлеmap
Remove ads

Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.[3]

Thumb
Поглед на планината Лубен над селото

Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.[3]

Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).

Во селото има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.

Од 1996 година патот е целосно асфалтиран[4], има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.

Remove ads

Историја

Во XIX век, селото Зашле било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Thumb
Поглед на планината Лубен над селото

Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.[4]

Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зашле се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 63 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Зашле е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]

  • Староседелци: Шулевци (6 к.) и Карадаг (1 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Раменовци или Илијовци или Рибаровци (24 к.), Пејовци (23 к.), Богдановци (14 к.) и Малци (11 к.). За Пејовци се мисли дека потекнуваат од предок Ром (Ѓуптин), а за Малци дека потекнуваат од предок Влав.
  • Доселеници со познато потекло: Спасеновци (1 к.), доселени се од селото Велмевци и Аризовци (5 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај.
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 650 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Караиче — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Кале — населба од средниот век;
  • На Куќишта — некропола од доцноантичко време;
  • Старо Кочиште — населба од средниот век.
Цркви[19]
Манастири
  • Зашленски манастир
Споменици
  • Споменик од НОБ
Remove ads

Редовни настани

  • Илинденски денови

Личности

  • Костадин Поповски (1920-1994) — универзитетски професор и продекан на Економскиот факултет, носител на партизанска споменица од 1941 година
  • Цвета Грозданова Кузманова — македонска револуционерка од ВМОРО.[20]
  • Стојан Трајков Лозаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Грујо Илија Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Ленка Велевска — македонска револуционерка од ВМОРО.[21]
  • Никола Симоновски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Цвета Мицева Спасеновска — македонска револуционерка од ВМОРО.[22]
  • Танаил Ангелов Станојоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Јон Петков Станојоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Божин Стојанов — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Петре Јошев Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Мијајле Насев Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Степан Стојанов Фиданоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Ванчо Ристов Фиданоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Ѓоргија Јанкулески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Неделко Трајчев Јосифоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Вецко Видановски — македонски партизан

Иселеништво

До 1951 година од селото имало иселеници во САД (1 семејство), Србија (11 семејства, во Јабука, Белград, Стари Бечај, Рума и во Крагуевац), Романија (4 семејства), Крушево (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства). По иселувањето на муслиманите од селото Кочиште неколку семејства од Зашле се населиле во тоа село.[15]

После 1960 година голем број од населението е иселено во Скопје, Демир Хисар, Битола, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[26]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads