Калимерово (Ново Село)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калимерово — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува населба од доцноантичко време [1],[2]. Десно од коритото на Брегалница, пред шталите на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Калимерово, се забележуваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, расфрлени на поголем простор. Темели од ѕидови на објекти се откриени и уништени уште во 1975-77 година со трасирањето на заобиколниот пат за Струмица. Според кажувањето на сопствениците на нивите, порано биле наоѓани бронзени монети и питоси.
Remove ads
Поврзано
- Калимерово — населба од доцноантичко време;
- Марков Камен — некропола од хеленистичко време;
- Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време;
- Паскова Чешма — осамен наод од римско време;
- Ново Село;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads