Калорија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Калорија
Remove ads

Калорија е единица за енергија надвор од и постара од системот SI. Нејзин твоец е францускиот научник Никола Клеман (1779-1842) кој во 1824 ја осмислил како единица за топлина[1] Во највеќето научни области калоријата уште поодамна е заменета со џулот, па така денес главно се користи за изразување на енергетската вредност на храната.

Thumb
Хранлива ознака на пакување на ориз

Дефиниција

Постојат две разни дефиниции за калорија:

  • мала карлорија или грам-калорија (симб. cal, кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C.[3] Ова е еднакво на ~ 4,2 џули.
  • голема калорија, килограм-калорија, прехранбена калорија (симб. Cal, Кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C. Ова изнесува точно 1000 мали калории или околу 4,2 килоџули.

Грам-калоријата како единица е премала за да биде корисна во исхраната, па затоа се користи килокалорија (симб. kcal) или големата калорија. Во овој контекст, поимите „калорија“ и „килокалорија“ се истоветни.

Remove ads

Разлики

Енергијата потребнна за покачување на температурата на извесна маса вода за 1 °C зависи од почетната температура и тешко е да се измери точно. Затоа постојат неколку дефиниции за калорија. Најзастапените дефиниции во постарата литература се калоријата на 15 °C и термохемиската калорија.

Факторите на претворање на калориите во џули се бројчено еквивалентни на со изразената специфичната топлина на водата во џули по грам или килограм.

Повеќе информации Име, Симбол ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads