Специфичен топлински капацитет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Специфичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура:

Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K).

Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи:

Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:

Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба.

Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина.

Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv).

Remove ads

Специфична топлина на некои тела

Оваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија:

Повеќе информации Супстанција, Агрегатна состојба ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads