Калтенкирхен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калтенкирхен (германски: Kaltenkirchen) — град во близина на Хамбург во Германија. Се наоѓа во округот Зегеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Калтенкирхен-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.
Remove ads
Историја
Првпат бил споменат во XIV век, а најмногу се разви за време на индустриската револуција, каде се доселиле многу работници од Хамбург.
Во текот на Втората светска војна, привремениот аеродром ги штител северните градови од бомбашки напади, но во текот на нападите на Хамбург аеродромот бил уништен и никогаш не бил обновен. Сега е останато само празно поле. Концентрацискиот камп Калтенкирхен[2] бил основан во август 1944 година, а бил затворен во април 1945 година како подкамп на концетрацискиот камп Нојенгаме. Во кампот умреле околу 700 затвореници.
Постоеле одредени размислувања Хамбуршкиот аеродром да се префрли во Калтенкирхен во 1970-тите, но тие не се оствариле.[3]
Remove ads
Знаменитости
Калтенкирхен е познат во северниот дел на Германија како средишна точка на железничката компанија АКН (Алтона — Калтенкирхен — Нојминстер) за возовите кои поврзуваат многу од помалите градови во Шлезвиг-Холштајн со У-Железницата на Хамбург. Ова го прави Калтенкирхен привлечен за моменталните или идните постојани патници, кои работат во Хамбург.
Нова железничка станица била изградена поради постојаниот пораст на работници и туристи до и од железничката станица.
Калтенкирхен се смета за дом на многу лица кои работат во Хамбург.
Remove ads
Меѓународни односи
Калтенкирхен е збратимен со следниве градови:
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads