Кама (река)
река во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кама (руски: Ка́ма; татарски: Чулман; удмуртски: Кам) е важна река во Русија. Таа е најголема лева притока на Волга и најобемната река во земјата по истек на вода. Пред да се влие во Волга, Кама е всушност поголема од неа.
Реката извира во Удмуртија, кај Кулига, и тече на северозапад во должина од 200 км, па врти на североисток кај селото Лојно и тече уште 200 км, пред да сврти на југ и запад во Пермскиот крај. Потоа течението продолжува низ Удмиртија и низ Татарстан, каде се влева во Волга.
Remove ads
Име
Името на реката е од угрофинско.[1] Современиот облик е изведен од удмуртскиот поим кам со значење „река“[2] Туркиските народи реката ја нарекуваат „Чулман“ и ја сметале за извор на Волга.
Течение и стопанско значење
Кама има вкупна должина од 1805 км. Најголеми притоки се Коса, Вишера, Силва, Чусоваја, Белаја, Ик, Иж, Зај, Вјатка и Мјоша. Тече низ градовите Соликамск, Березники, Перм, Сарапул и Набережние Челни. Течението е расположено западно од Урал и игра мошне значајна улога во превозот на стоки.
Пред воведувањето на железничкиот сообраќај, Кама била поврзана преку сувоземни траси со сливовите на Северна Двина и Печора. Во раниот XIX век, горното течение на Кама било поврзано преку Североекатеринскиот канал со реката Вичегда (притока на Северна Двина), но каналот бил напуштен за само неколку години порани неискористеност.
Remove ads
Брани и акумулации
Реката има три брани за хидроенергија, со три вештачки езера:
- кај Перм — Камска ХЕЦ со Камското Езеро
- кај Чајковски — Воткинска ХЕЦ) со Воткинското Езеро
- кај Набережние Челни — Нижнекамска ХЕЦ) со Нижнекамското Езеро
Кама како мотив во уметноста
- „Кама“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1935 година.[3]
Галерија
- Вливот на Чусоваја во Кама
- Кама во Перм
- Поглед во Јелабуга
- Мост на Кама во Перм
- Железен мост на Кама кај Перм во 1912 г. Фотографирал: С.М. Прокудин-Горски
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads