Каменец (Брезово)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каменец — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Брезово. Претставува населба, некропола и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото на околу 2 км, високо во планинскиот предел, а во непосредната близина на чешмата. Во ливада на месен жител се откриени остатоци од населба (фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди), како и голем број парчиња од топена железна руда. Според кажувањето на мештаните, во нива на еден друл месен жител, која се граничи со споменатата ливада, биле откопани повеќе гробови градени од камени плочи, со гробни прилози од белезици, крстови, монети и др. кои не се зачувани.[1]
Remove ads
Поврзано
- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
- Габер — црква од средниот век;
- Брезово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads