Брезово

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Брезовоmap
Remove ads

Брезово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на еден дел од селото

Брезово се наоѓа на патот момеѓу селата Доленци и Зашле, оддалечено 8 километри од магистралниот пат Кичево - Демир Хисар. Селото лежи во карпесто подножје на планината Лубен. Најголем дел од живеалиштата се поставени на левата страна од Брезовска Река, на релативно коса стрмнина.

Селото се наоѓа на надморска височина од 840 до 1.100 метри. Неговиот атар изнесува 20,8 км2. На овој простор преовладуваат пасиштата, со површина од 1.213 хектари, обработливо земјиште има околу 443,8 хектари, а шумите зафаќаат 315,9 хектари.[3]

До селото води асфалтиран пат и се поставена електрична мрежа, водовод и телефонска врска.

Соседни села на Брезово: Зашле и Цер од север, Кочиште од исток, Сопотница од југ, Доленци и Железнец од запад и југозапад.

Remove ads

Историја

Најстарите пишани извори за Брезово потекнуваат од периодот на отоманското владеење на Балканот. Тоа се таканаречаните пописни книги во кои биле внесувани податоци за феудалните имоти, за населбите, за населението и сл. Првиот попис што е регистриран за Битолската нахија, кон која припаѓал и Брезово, потекнува од 1467/68 г. Тогаш, во селото биле регистрирани 35 семејства и 4 неженети. Ако се има предвид дека едно семејство во тоа време броело пет члена,се доаѓа до заклучокот дека во пописната година имало близу 200 жители, исклучиво христијани. Вториот пишан документ е, исто така, пописна книга од 1636 год. Во неа, селото е обврзано да плаќа данок од 17 овци.[4]

Во времето на Отоманското Царство, оваа територија ја бранеле војводите: Јордан Пиперката, Никола Врба, Костадин Војводата - Капиданот и Сотир Христов - Војводата.

Во XIX век, селото Брезово било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Remove ads

Стопанство

Thumb
Поглед на една од активните варници

Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Во селото постојат поголем број на варници, кои во минатото биле многу користени.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брезово имало 560 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Базерник имало 800 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бресово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 103 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[9]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 62 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Брезово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]

  • Староседелски: Мијајлевци (7 к.), Стојовци (1 к.), Чаповци (1 к.), Апостоловци (2 к.), Пејковци (3 к.), Сталевци (3 к.), Цветковци (6 к.), Бавтировци (3 к.), Торбевци (3 к.), Ралевци (2 к.), Ќерсовци (1 к.), Десановци (2 к.), Мишковци (9 к.), Боневци (7 к.), Стамболџијовци (2 к.), Пичаровци (2 к.), Ќумишовци (3 к.), Бакијовци (3 к.), Баловци (3 к.), Дабевци (6 к.), Секуловци (6 к.), Тодоровци (2 к.) и Стојковци со Терзијовци, Јуруковци и Поповци (22 к.).
  • Со непознато потекло: Качаровци или Шурбановци или Наумовци (1 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Митревци (9 к.), доселени се од соседното село Зашле, го знаат следното родословие: Богоја (жив на 80 г. во 1951 година) Стеван-Коста, се доселил неговиот дедо; Гаревци (22 к.), доселени се од мијачкото село Гари, го знаат следното родословие: Ванчо (жив на 80 г. во 1951 година) Анѓеле-Стојан-Трајан Гаре, кој дошол во селото; Јоновци (1 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско и Никлевци (12 к.), доселени се од некое село во Охридско.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Брезово, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Големо Илино, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 644 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на црквата „Св. Илија“
Thumb
Поглед на кулата на Јордан Пиперката
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Средновековна кула

На средина од селото, на десетина метри од патот за селото Зашле, се наоѓа средновековна кула за која се претпоставува дека потекнува од 1530 година. Кулата е изградена во квадратна форма, со полукружен свод од јужната страна, мали прозорци со капаци и пушкарници. На катот има една просторија со огниште, околу кое се наоѓала покуќнина за живеење. Во 2014 година, таа била конзервирана од страна на битолскиот Завод и музеј при што била извршена санација на североисточниот темел, северниот и источниот ѕид, бил реконструиран натстрешникот, а била конзервирана влезната порта. Се верува дека кулата ја користел Јордан Пиперката за да ја набљудува околината, а таа е опеана и во народната песна, која вели: „Јордан седи на кулата, в раце држи дуљбијата“. Исто така, се верува дека за време на Илинденското востание, кулата била користена за одбрана на селото Брезово.[20]

Реки
Remove ads

Редовни настани

  • Брезовски културни средби — се одржуваат од 2002 година, на големиот празник Илинден. Во нивни рамки се одржуваат голем број културно-уметнички настани, изложби, научни симпозиуми, ликовна колонија и Фестивалот на хумор „Врба-фест“.

Личности

Remove ads

Иселеништво

Постари иселеници до 1952 година од селото има во Србија (12 семејства), Крушево (1 семејство), Бугарија (2 семејства), Битола (8 семејства), Романија (3 семејства), Скопје (1 семејство) и во Велес (1 семејство).[15]

Иселеништвото продолжило и потоа и многу луѓе од Брезово заминале во потрага по подобар живот во поблиските градови во Македонија, како: Демир Хисар, Битола, Кичево, Прилеп, Скопје и други, а голем број отишле во странство: во Белград, Крагуевац, Ниш, Јабука, Качарево, Нови Сад, Нови Бечеј во Србија (Брезовци во Србија се познати како големи пекари), Словенија, Германија, Шведска, Австрија, Франција, САД, Австралија итн.[28]

Родот Китевци (7 к.) се иселил во селото Слатински Чифлик во Дебрца.[15]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads