Камерун (планина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Камерун (француски: Mont Cameroun, англиски: Mount Cameroon) — активен вулкан во Камерун, недалеку од Гвинејскиот Залив. Позната е и како Фако (по повисокиот од двата врва) или по нејзиното домородно име Монго ма Ндеми (Mongo ma Ndemi - „Божја Планина“). Планината е највисокото место во потсахарска Западна и Средна Африка,[2] и четврта по истакнатост во Африка.

Планината лежи на вулканското подрачје наречено Камерунска Линија, каде е сместено и езерото Њос. Последниот избув се случил на 3 февруари 2012 г.
Remove ads
Опис
Камерун е еден од најголемите вулкани во Африка и се издига 4.040 м над бреговите во западниот дел од земјата. Земјиштето почнува да се издига од тропска дождовна шума до голиот врв кој е студен, ветровит и повремено засеан со снег. Големиот вулкан е стрмен и има претежно од базалтен до трахибазалтен состав, образувајќи хорст кој лежи на подземје од перткамбриумски метаморфни карпи прекриени со наноси од кредата до квартерот. Бочните делови имаат 100 мали згурни конуси и околните низини напоредно на долгата оска на масивниот вулкан 1.400 км3. На јужното крило кај брегот се издига голем спореден врв наречен Етинде (наречен и Мал Камерун). Камерун е најактивниот вулкан во Западна Африка. Првото писмено сведоштво за неговата активност го добиваме од картагинскиот истражувач Ханон Морепловецот во V век п.н.е.. Низ историјата се случиле бројни умерени избуви и текови од лава, како од врвот, така и од крилата. Во 1922 г. од југозападното крило избила лава која стасала сè до атлантскиот брег, а во 1999 г. лавата од јужното крило запрела на само 200 м од морето, пресекувајќи го крајбрежниот автопат.
Remove ads
Пристап
Врвот е мошне посетен од планинарите. Секоја година се приредува „Трка на надежта“ во која учесниците ја искачуваат планината за 41⁄2 часа.
Прв европски освојувач на планината е англискиот истражувач Мери Кингсли, која ги забележала спомените од искачувањето во нејзиниот мемоар Патувања по Западна Африка (1897).
На планината Камерун растат два ендемски вида воденика Impatiens etindensis[3] и I. grandisepala[4]. На ова подрачје нема дрва.
Remove ads
Поврзано
- Њос
- Географија на Камерун
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads